Снегот направи хаос - страшна сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

Едно лице е полесно повредено во сообраќајна несреќа која утринава се случила на патот Куманово-Крива Паланка кај селото Псача откако автомобил „Рено“ со унгарски регистерски таблички управуван од 29-годишниот Д.Д. од Скопје изгубил контрола над возилото, преминал во левата лента и удрил во товарно возило „Пежо“ кое го управувал 35-годишниот Г.С. од Крива Паланка.

Несреќата се случила поради снежни наноси на коловозот, а во моментот имало и послаби снежни врнежи. Сообраќајот на овој патен правец бил во прекин до 7 часот и 15 минути.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега