Министерот Цветков во работна посета на Љубљана

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, на покана на министерот за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија Дејан Жидан ќе престојува во дводневна работна посета на Љубљана.

Целта на посетата е во функција на унапредување на билатералната соработка во областа на земјоделството и безбедноста на храна. За време на посетата особено внимание ќе се посвети на прашањето на третманот на нус-производите од животинско потекло.

Како што е најавено, министрите Цветков и Жидан ќе разговараат и за евроинтеграциските процеси, како и за трансвер на словенечкото искуство во нашава земја од областа на земјоделството. 

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега