Пукање во чајџилница во скопско
Во текот на вчерашниот ден во 15 часот во полициска станица се јавил лекар од болницата „8-ми Септември“ и пријавил дека кај нив е донесен 30-годишниот Г.К со телесни повреди во пределот на главата. Повредата му била нанесена во чајџилницата во селото Долно Свиларе, скопско, каде се сретнал со 29-годишниот Х.М. кој таму дошол со уште неколку лица, по што настанала вербална расправија помеѓу повредениот од една страна и Х.М. и останатите лица од друга страна. Според податоците од полицијата, некој од напаѓачите извадил пиштол и испукал неколку куршуми и потоа го напуштил местото на настанот. По преземени мерки Х.М. е приведен, се преземаат мерки за пронаоѓање и на останатите лица по што ќе биде поденсен соодветен поднесок.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа