Почнаа археолошки истражувања на Костоперска карпа

Со финансиска поддршка на Министерството за култура, Националната установа музеј - Куманово започна со археолошките истражувања на локалитетот Костоперска карпа или Жеглиговски камен-импозантна базалтна карпа од вулканско потекло во околината на Младо Нагоричане.

Како што соопшти денеска Министерството за култура, според досегашните истражувања на локалитетот Костоперска карпа е откриено постоење на повеќеслојна населба со континуиран хронолошки  и културен живот. Станува збор за локалитет богат со археолошки материјал од енеолитот,  а откриени се и предмети од железно време, особено садови од керамика, накит од злато, сребро, килибар како и  стаклена паста и бронза.

Во минатото тука постоеле дури 40 цркви поради кои месноста била нарекувана Мала Света Гора, а во подножјето на Карпата се наоѓаат сочуваните средновековни цркви „Св. Петка“ и „Св. Ѓорѓи Победоносец“, како и повеќе гробови. Според археолозите на овој простор се наоѓа и ранохристијанска базиликална црква, која се користела за погребување, како и остатоци од средновековни ѕидини. Особено се издвојува подземна просторија која се уште не е доистражена.  

Со рализацијата на археолошките истражувања и со уредување на локалитетот Костоперска карпа, ова место ќе го привлече интересот на посетителите.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 13:14
Фото: 
дневник

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега