Индустриското прозводство во јануари поголемо за 1,1 отсто

Индустриското производство во јануари годинава во однос на јануари лани е зголемено за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење камен во јануари годинава во однос на јануари лани бележи опаѓање од 9,1 процент, а пораст во секторите „преработувачка индустрија“ бележи за 2,9 проценти и во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 16,8 проценти. 

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2015, споредено со истиот месец лани  е  зголемено кај „енергија“ за 5,7 проценти, „капитални производи“ за 44,9 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 5,7 проценти. Опаѓање е евидентирано кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 10,8 проценти и  трајни производи за широка потрошувачка за 12,7 проценти, говорат податоците на Статистика.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега