Во јануари издадени 236 одобренија за градба

Во јануари годинава во Македонија се издадени 236 одобренија за градење, што е за 68,6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.578.227.000 денари и е за 35,8% помалку во однос на јануари лани.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 153 (64.8%) се наменети за објекти од високоградба, 26 (11%) за објекти од нискоградба и 57 (24,2%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 236 објекти, на 166 (70,3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 70 објекти (29,7%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 383 станови со вкупна корисна површина од 35.209 метри квадратни.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега