Дебата за справување со предизвиците на нелегалната миграција и барателите на азил

Пратеници од власта и опозицијата, претставници на локалната самоуправа и заинтересирани граѓани, денеска во Гевгелија дебатираат на тема „Предизвиците со нелегалната миграција и барателите на азил“ како дел од проектот „Мобилен парламент“ кој се спроведува во организација на граѓанската асоцијација „Мост“ и регионалниот центар за одржлив развој од Гевгелија.

- Целта на проектот е да даде придонес кон зголемена доверба во демократијата преку подобрување на комуникацијата меѓу граѓаните, граѓанските организации, пратениците и локалната власт и да овозможи демократска дебата за прашања релевантни за пристапувањето на земјата во ЕУ на начин кој влијае врз креирањето на политики и донесувањето одлуки на национално и локално ниво, изјави проектниот координатор Теодора Поповска.

Преку директна комуникација учесниците на настанот разговараа за актуелниот проблем, имајќи го предвид фактот што во последно време се повеќе се зголемува бројот на лицата кои транзитираат низ Македонија, како и фактот што токму регионот околу Гевгелија се смета за нивна влезна точка во нашата земја.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега