Разговорите по „Скајп“ го разобличија шпионското делување со странски служби на Верушевски и Заев

Последните пораки со кои преку Скајп комуницирале Зоран Верушевски под името Златко Велевски регистриран како „Оркестар 11“ и петто осомничениот во „Пуч“, Ѓорѓи Лазаревски како „Кока-кола 10а“ во целост ги потвдруваат сите основи на сомнение врз основа на што институциите ги гонат овие лица и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

 Извори од истрагата велат дека станува збор за обемен материјал, односно над 300 страници и 6.000 пораки директно поврзани со незаконските дејствија.

Шемата е целосно разобличена, а организираниот начин на кој комуницирале и соработувале Верушевски и Заев во целост покажа каква цел имале овие луѓе.

Јасно е дека Верушевски, Заев и нивната агентура нелегално, неовластено, мотивирано единствено од тесни интереси, вршеле прислушување на разговори.

Сосема е јасно и дека Верушевски преку лица кои работеле во МВР и биле вработени во текот на 90-тите години, добивал материјали кои му ги давал на Зоран Заев.

Комуникацијата преку Скајп стана потврда дека овие лица имале заговор и работеле како внатрешни шпиони.

Истрагата утврдила дека еден дел од комуникацијата се однесува на периодот кога првоосомнинечниот остварил контакт со четвртосомничениот во „Пуч“.

02.10.2014 во 23:16 часот

кока кола 10а: знаеш потребно е да имаш поддршка

оркестар11: јас сакам да верувам во тоа, а за поддршка сега ја имаме 

кока кола10а: и на што личеше тоа 

оркестар11: до сега бевме десперадоси 

кока кола10а: си му дал се на идиотот не ме припреми

23:17 часот

оркестар11: околностите беа неверојатни

Упад во системот и шпионско делување

Првата пресуда за случајот „Пуч“ во целост ја разјасни состојбата.

Звонко Костовски кој доби затворска казна од 3 години за незаконско прислушување и шпионажа признал  на кој начин соработувал со странските служби, како Верушевски ги координирал осомничените, кој бил мета на незаконско следење по налог на поранешниот разузнавач.

Преку вториот вработен во МВР тој стапил во контакт со Зоран Верушевски и по негов налог ги злоупотребил техничките капацитети на МВР внесувајќи телефонски броеви на повеќе политичари и други јавни личности. Од пресудата може да се видат иницијалите на дел од прислушуваните . Меѓу нив може да се препознаат првите букви од имињата на премиерот Груевски, министерката Јаснкулоска, шефот на УБК Мијалков, како и други иницијали кои се индикативни како БЦ на Бранко Црвемнковски и РШ на Радмила Шекеринска.

Потоа снимените разговори осудениот му ги давал на колегата од МВР кој пак му ги предавал на Верушевски. Крајната дестинација биле странските тајни служби.

- Прибавените содржини од следените комуникации обвинетиот З. ги предавал на обвинетиот Ѓ.Л. кој му ги предавал на обвинетиот З.В., ,со намера да тој ги соопшти и предаде на странска држава, организација и лице кое им служи, со што обвинетите Ѓ.Л. и З. К. ,на обвинетиот З.В., за паричен надоместок му ставиле средства за располагање за извршување на кривичното дело, и со тоа со умисла му помогналe на обвинетиот З.В., во извршување на кривичното дело Шпионажа од чл.316 од КЗ., стои во судската пресуда.

Со ова се докажува тврдењето дека зад прислушувањето стои странска држава која ги ангажирала осомничените предводени од Верушевски. За соработката на екс-разузнавачот со лидерот на СДСМ во јавноста протече и писмо во кое се договараат деталите за така наречениот ПУЧ.

„Чадорот“ ги откри, а не покри

Во комуникацијата преку Скајп, Верушевски и другиот осомничен често споменуваат “чадор“. Но овде не станува збор за чадор кој штити од сонце и дожд, туку “чадор“ кој има за цел да и наштети на Македонија. „Чадорот“ што повеќепати се споменува во комуникацијата, според извори од истрагата, најверојатно ја претставува странската служба, за која работеле и од која очекуваат заштита.

- Бидете уверени оваа мака нема да дозволам да биде бадијала. Би било навистина жалосно да ја изгубиме оваа позиција која неверојатно добива во квалитет, вели „Оркестар 11“  во една од пораките.

На оваа порака нема одговор, бидејќи најверојатно корисникот „Кока-кола 10а“ не бил логиран на Скајп.

- Стануваме потребни и да не бидам скромен претставуваме нешто што тешко може да се замисли, знаејќи го чадорот не верувам дека ќе останеме заборавени. Напротив имаме големи перспективи, додава „Оркестар 11“.

Пандов:Скајп комуникацијата покажа дека зад Заев стои странска служба

По вчера објавената Скајп комуникација на Зоран Верушевски и осомничениот оперативец од ДБК јасно е кој стои зад прислушувањето и „бомбите“ на Заев, вели за РСМ, политичкиот аналитичар Александар Пандов.

„Ако досега постоеше и најмала дилема кој стои зад прислушувањето, сега е веќе јасно дека се работи за странска држава. Тоа го видовме од комуникацијата која беше објавена. Увидовме дека тие луѓе пресметано знаеле што точно ќе се случува со објавувањето на дел од тие разговори. Ние слушнавме како тие најотворено говорат за граѓанска војна и тоа не на национална основа туку војна на Макеоднци против Македонци. Тие говорат и за некаков чадор под кој се подразбира поголема странска разузнавачка служба која треба да ги заштити. Сега веќе на секого му е појасно за какви луѓе се работи“, вели Пандов за РСМ.

Пандов очекува наредните денови Заев во некое свое интервју да излезе со објаснување за овие информации од истрагата.

„Со нетрпение очекуваме да видиме како Заев ќе го објасни ова. Веројатно како и претходно кога тврдеше дека не го познава Верушевски па потоа призна дека комуницирале и дека сакал да му купи автомобил, или кога ја призна комуникацијата преку шифри, така и сега Заев ќе се заплетка. Очекувам на крајот да го видиме Заев како плаче и како вели дека тој не бил свесен дека позади оваа игра стојат интереси на странска држава“, вели аналитичарот Пандов.

Тој се надева на правна разврска во транспарентна судска постапка која ќе ја набљудува и меѓународната заедница, а по која ќе бидат потребни итни промени во раководството на СДСМ.

КУРИР

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега