Ален Ле Роа нов генерален секретар на Европската служба за надворешни работи

Поставувањето на Ле Роа, кој во Македонија ја претставуваше Унијата во кризниот период, на почетокот на минатата деценија, откако во 2002 година го наследи Франсоа Леотар и помагаше на земјата да се врати меѓуетничката доверба и угледот на Република Македонија во Европа, по вооружениот судир во 2001 година, дава надеж дека може да помогне за придвижување на македонските евроинтеграции. Ова особено што тој добро ја разбира состојбата во нашата земја.

Поранешниот Специјален претставник на Европската унија во Македонија, Ален Ле Роа, од почетокот на овој месец е нов генерален секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), пренесува МИА.

На функцијата втор човек на ЕЕАС или заменик на Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, Ле Роа го наследи Французинот Пјер Вимонт, кој замина во пензија.

При именувањето на францускиот дипломат на местото прв оперативец на европската дипломатија, Могерини истакна дека Ле Роа има искуство како Специјален претставник на ЕУ во Македонија и како потсекретар на Обединетите нации за мировни операции.

- Дипломатско искуство на Ален Лероа ќе биде инструментално за управувањето на ЕЕАС и во придонесувањето во изградбата на ефикасна и цврста европска надворешна политика. Денешните предизвици се огромни и јас сум убедена дека Ле Роа ќе даде значаен придонес за тоа како нов генерален секретар на Европската служба за надворешни работи, истакна Могерини по повод именувањето на Французинот на едно од најважните места во ЕУ-институциите.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега