Ни се врати зимата: Викенд временска прогноза

Времето во Македониjа ќе биде облачно со врнежи претежно од снег особено во источните делови од земјата. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од нула до шест степени.

Во Скопје претпладне повремено ќе има слаби врнежи од снег, а во попладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до четири степени.

Од понеделник следува период на стабилно и суво време со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст.

 

 

Оцени ја веста

07.03.2015 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега