Алтернативниот туризам двојно ќе го зголеми бројот на странци во охридско-струшкиот регион

Прошетка по селските средини во чистата живописна природа, посета на цркви и манстири, риболов, планинарење, велосипедизам,параглајдерство се главните адути на Охрид ,Струга, Вевчани и Дебрца.

Спотовите за алтернативен туризам двојно ќе  го зголемат бројот на странски  туристи во југозападниот регион во земјава.

Според анализите на туристичките работници современите гости покрај сонце и плажа копнеат по динамична авантура.

-  Ние мораме во нашата понуда  на било кој град или на било која општина да ги внесуваме туристичките продукти  на сите пооделни општини во регионот само на тој начин ќе успееме бидејќи им нудиме на туристите поразновидна понуда и таа е многу попривлечна и поатрактивна за секој оној кој што сака  да го посети овој регион,  вели Никола Бакрачески  градоначалник на општина Охрид.

Понудата во регионот е навистина атрактивна, а спотовите ќе придонесат во одлуките на потенцијалните гости.

-  Сите тие медиуми ќе придонесат барем некој процент туристи да го привлечат вниманието, ќе им помогнат да го одредат  Охрид или четирите општини како една дестинација да ја посетат во наредниот период.

„Излези во природа, влези во авантура“ се двата  најнови  спота посветени на алтернативниот туризам во Охридско-струшкиот крај и регионот на Корча и Поградец во Албанија, изработени од Македонската развојна фондација.

 

 

Оцени ја веста

07.03.2015 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега