Шампионот Вардар подобар од Веспрем

Ракометарите на Вардар синоќа во последниот натпревар од лигашкиот дел од СЕХА лигата му го нанесоа првиот пораз на унгарски Веспрем во ова натпреварување.
 
Шампионот на СЕХА Вардар имаше одличен почеток и поведе со 8:1, а набрзо потоа и со 11:3. До крајот на првиот дел унграскиот шампион само го намали водството на 14:10. Оваа предност од четири голови Вардар ја имаше до 19:15, кога со серија од 6:0 во 48.минута ја имаше и највисоката разлика од 10 голови (25:15).  
 
Најефикасен на дуелот беше Тумур Дибиров со 8 голови, а Страхиња Милиќ дуелот го заврши со 10 одбрани.
 
Веспрем и Вардар како две првопласирани екипи директно ќе играат во полуфиналето на завршниот турнир во Веспрем.
 
Вчера се одиграа уште два натпревара: Раднички – ППД Загреб 29:45 и Мешков Брест – Татран Прешов 30:25.
 
Табела: Веспрем 51 бод (18 натпревари), Вардар 45 (18), ППД Загреб 36 (18), Мешков Брест 33 (16), Татран Прешов 30 (17), Нексе 16 (17), Металург 15 (17), Војводина 10 (17), Борац 10 (17), Раднички 7 (17).
 

 

Оцени ја веста

08.03.2015 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега