Трајановски се сретна со амбасадорот Бејли

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска оствари средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Џес Л. Бејли.

Трајановски го запознал Бејли со историјата на градот Скопје,  како и со проектите кои се од приоритет.

На средбата Трајановски се осврнал и на досегашна соработка помеѓу Градот Скопје и Амбасадата на САД во Македонија, како и на соработката која Градот Скопје ја има со збратимениот град од САД, градот Темпи од Сојузната држава Аризона.

Трајановски и Бејли се осврнале и за состојбите во локалната самоуправа во Република Македонија, соработката на Градот Скопје со централната власт и соработката со останатите општини во Скопје, како и за системот на финансирање на локалната самоуправа во Република Македонија.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега