Последната исповед на Тито - маршалот во детали го објаснува пропаѓањето на Југославија

Книгата е составена од стенограмски забележки од прочуениот говор на Броз, во декември 1979 година и разговорот кој го водеше со Јосип Копиничем, кој многумина го сметаа за најзначајното југословенско известување на сите времиња.

Историчарот Вјенцеслав Ченчиќ ја објави книгата „Последната исповест на Тито“, дваесет години по смртта на Јосип Броз Тито, некој вид на политички тестамент на Тито, кој фрла сосема нова слика на ликот и делото на политичарот кој остави неизбришлив траг на политичката сцена во Југославија.

По оспорувањето на оваа возбудлива книга и самата на некои начин ја дели судбината на главниот сведок и актер, фален, а потоа и неумерно оспоруван - Јосип Броз.

„Бев сам против уставот од 1974 година! Бев протвдавањето на државност на покраините и деловите на Уставот кој овозможуваат да републиките се издвојат од федерацијата без договорсо останатите републики, односно со референдум на целата земја. И тогаш, но и сега ви повторувам дека тоа „зло“ од овие уставни права, покраините ќе ја разделат Југославија. Знам дека безбедносната состојба на Косово е лоша, но не знаев дека односите на нашите републики паднале на толку ниско ниво.

Другари, морам да ви кажам дека, кога е во прашање Косово, да сите кои гласале за Уставот во 1974 година, ќе бидат обвинети за виновни за судбината на Југославија!

Размислував сам и онака си реков: „Па, стари, ти би требало да си одредиш наследник“. Размислував и ставив на хартија неколку млади, искусни раководители и одлучив за двајца: Мики Трипала и Рат Дугоњича. Притоа се присетив и на Иво Лола Рибар, затоа што секогаш во шала говорев, а мислам дека му го реков тоа и на Копинич, дека тој ќе биде мојот наследник. Таа информација „процури“ за време на војната, па Хебранг се најде погоден и одлучи да се одмазди и организираше ликвидација на Лола.

 

За мојот наследник не спомнав на никој освен на Јованка, а таа, како што ми потврди, од шала, му рекла на Стево. Тој податок веднаш „процури“ до Владата и Бевц.

Ниту правнуците нема да го простат задолжувањето! По донесувањето на новиот Устав, републиките во согласност со Федерацијата во последнитегодини и неколку месеци се задолжиле преку 10 милијарди долари, тоа зло е непростливо за земјата - изјави Тито. Јас како претседател на државата, одбив да потпишам одобрување за задожувањето на земјата, а Бакариќ како мој заменик тоа го потпиша.

Мене ме обвинуваат дека сум забранил да се оди на ослободување на логорите кои тогаш ги чуваа стотина усташи - другари, тој предлог на Вицко, не дојде до мене и јас сега се прашувам каде заврши. Самиот себеси се обвинувам зошто до сега не бев во тој логор на смртта и да се поклонам пред сенките на убиените. Сега се присетив и на податокот дека Хебранг (Андрија) и Крајачиќ (Стево) беа против обележувањето на Јасеновец. 

Крајачиќ како претседател на Саборот не дојде на отворањето, туку дојде во Липик, пијан, во ловечка униформа и делегација на Србија ја навредуваче викајќи им „Малку ве проневеривме“.
За тој скандал пораката ја добив од Пуцара (Џуро). Бев, не гневен, туку обезглавен на овој испад на Стево. Многупати се прашував зошто не ги расчистиме овие негови небулози и расипништво. Имам впечаток дека во Хрватска е подобро. Кога би сакал да реагирам, го бранеше Јованка.

Голи оток го создаде Кардељ, предлагајќи да сите кои се изјасниле за Резолуција да бидат изолирани на еден остров. Помош доби од Аугустиниќ и Стево (Крајачиќ) кои му говореа за Голи Оток и добар каме со кој се служи Аугустиниќ при изработката на скулптурата. И така на состанокот на Политбироа, кога се расправа за изолација на уапсените, Кардељ го предложи Голи Оток како најдобро решение. 

Од една и друга страна од тој би ги дочекувале веќе уапсени, и би ги телапе со ремени, a овие Словенците би им одговориле викајќи „Не не тепајте човече“, Не беа тоа Словенци, туку Босанци кои рабоетеле во Словенија.

Така Едо ја „бранеше“ Југославија и Партијата во Словенија. Поради Голи Оток не добив ни Нобелова Награда за мир, иако ститина државници во светот тоа го предлагаа.

 

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега