Се исплашивме дека ќе ни измрзнат децата до смрт - исповед на патниците од заглавениот автобус во Србија

Меѓу нив имало многу деца кои беа преплашени. Им беше ладно, немаа храна, велат од Горската служба. Повеќе од 40 патници во автобусот, кој во саботата заглави во снего кај Јошањичка Бања, преживеаа вистинска драма заробени во наносите снег кој беа високи и до два метри. Патниците повеќе од шест часа чекаа да некој ги извлече, а најмногу се плашеа да нивните деца кои се тресеа од страв, да нешто не им се случи.

„Некаде околу 15 часот кај Јошаничка Бања, приметија дека на патот има големи наноси на снег и дека ќе биде тешко да се пробиеме. Неколку пати застанувавме и тргнувавне, но никој од нас не можеше да претпостави што ќе се случи. Во еден момент автобусот почна да лизга на ивицата од патот. За среќа шоферот беше искусен и знаеше да го исконтролира“, вели еден од патниците.

Автобусот полн со деца заглави кај Копаоник!

Веднаш беа повикани спасувачките служби на Горската служба, кои со саати се обидуваа да дојдат до заробениот автобус. Тие патниците со санки и џипови ги донесоа до хотелот на Копаоник.

 

Членот на Горската служба на Копаоник, Марко Јовановиќ изјави дека патниците биле гладни и измрзнати.

 

„Меѓу нив имаше и многу деца кои беа преплашени. Им беше ладно и немаахрана“, вели Јовановиќ.

 

 

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега