Косово во Атина ќе отвори економска канцеларија

Грција се согласи Косово да отвори економска канцеларија во Атина, а не како што објавија приштинските медиуми дека ќе се отвора „канцеларија за врски“, јави Танјуг.

Портпаролот на Амбасадата на Грција во Белград истакна дека канцеларијата ќе има исклучиво економски карактер и нема да влијае на грчкиот став за непризнавање на Косово.

Портпаролот на Амбасадата на Грција, Петрос Царухис истакна дека канцеларијата нема да има дипломатски туку само економски статус за подобрување на економските и трговските односи. Тој посочи дека Грција има канцеларија во Косово, но оти таа е регистрирана во УНМИК и оти со нејзиното отворање не е сменет ставот за статусот на Косово.

Приштинскиот дневен весник „Трибуна“ денеска објави дека Косово набрзо ќе отвори канцеларија за врски во Атина.

ФОТО: А1.он

најчитано сега