Спасени трудница и планинари од снежната планина

Шест планинари од Србија и Република Српска се спасени вчера со хеликоптер од Директоратот за вонредни состојби на МУП Црна Гора по пет дена поминати во снежната планина Комови!

Ноќ претходно евакуирана е бремена жена, деветнаесетгодишната Билјана Лакетиќ, од селото Дегрем. 

Преживеала пекол

„Последните два дена за мене беа вистински кошмар. Снегот паѓаше цел метар и јас сватив дека доколку почнав да се пораѓам, до мене не може да стигне ни хеликоптер. Страшно се уплашив“, изјави Билјана на новинарот на Курир, кој присуствуваше во текот на акцијата.

Како што додава, минуваа часови, а од возилата се немаше слушнато ниту звук, поради што нејзиниот сопруг Радивој тргна пешки низ наносите снег да ја сретне машината. 

„По два часа ме повика и ми рече дека се на километар од куќата. За моја среќа не беше крај - вели идната мајка, чиј термин за породување е 13 март.

Наноси од пет метри

На безбедно се наоѓаат планинарите од Крагуевац 53 годишната Гордана Шкрбиќ, од Смедерево 36 годишната Драгана Јовнаовиќ и 42 Драган Павловиќ, и од Бљелино 46 годишниот Недељко Стевановиќ, 37 годишните Лилјан Максимовиќ и Денис Ивановиќ.

„Штом излезе текстот во Курир, црногорските спасувачи по четири дена испратија хеликоптер и не моравме да платиме 2500 евра, колку што ни бараа. Рано утрото ни јавија дека ќе тргнат со хеликоптер и да го израмниме снегот за да можат да имаат простор и место каде би слетале. Пилотот пола час се обидуваше да не изнесе од снежните наноси, кој достигнаа и до пет метри висина“, изјави Денис по слетувањето од 1800 метри надморска височина во базниот логор Андријевица.

 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега