Вака почна војната на Косово - Српските специјалци го ликвидираа најкрволочниот лидер на ОВК и пријател на Хашим Тачи

Пред 17 години во акција на српските безбедносни сили во реонот Дреница е убиен лидерот на ОВК кој беше познат по убивањето на Срби на Косово и Метохија. Пред 17 години во регионот Дреница во селото Донња Преказа, српските сили за безбедност ги нападнале припадниците на единицата на ОВК и го убиле нивниот лидер Адем Јашари. Така почна крвавата војна на Косово и Метохија по што следуваше бомбардирањето на СРЈ и масовниот егзодус на Србите од јужната српската покраина!

Во раната зора на 5 март 1998 година група на албански терористи ја нападнаа полициската патрола во селото Лауш. Во тој напад ранети се двајца полицајци по што полицијата тргнува во потера кон Долен и Горен Преказ во реонот Дреница. Со ова почна војната на Косово и Метохија. 

Утредента на 6 март во оквирот на контранападот на српската полиција нападнато е едно маало во селото Долно Преказе во кое се наоѓало седиштето на терористичката група јашари. За време на акцијата на полицијата убиен е лидерот на ОВК Адем Јашари неговиот брат Хамез Јашари како повеќето припадници на терористичката група.

Ова не е прв конфликт на терористичката група на Адеми Јашари и српските сили на безбедност.

Прв пат  е Адем Јашари бил опколен во селото Преказа на 30 декември 1991 година од страна на припадниците на службата за Државна безбедност. Причината биле активните врски на Јашари со албанскиот воен сектор и неговите чести престои во Албанија поради тренингот и обуката за терористичките акции.

Тогаш успеа да се извлече од обрачот по што следеле акции и напади на српската полиција. Таа група била главниот носител на тероризмот на Косово и Метохија од 1992 до 1997 година и имале директна помош и поддршка од властите во Албанија.

 

Терористите од групата на Јашари на почетоко ги напаѓале отпадниците и балистите. Од заседа и кога би биле значително побројни, а подоцна почнале да користат современи терористички методи. Поради тоа Окружниот суд во Приштина на по 20 години затвор ги осудил Адем Јашари и неговата група, а на 10 е осуден Хашим Тачи.

 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега