Крим-техничарите сведочеа за убиството на матурантот Ангел

Форензичарите од одделот за Криминалистичка техника од МВР вчера сведочеа за убиството на матурантот Ангел. Како што јавува Вест, тие пред судијата кажале дека не добиле за испитување примерок од крв од местото на кое се случи убиството кое ја потресе цела Македонија.

Како што пишува Вест, вештачењето се однесувало на траги од крв кои биле земени од скалите и тротоарот пред Очната Болница во скопско Ѓорче Петров, и од преминот помеѓу куќите во близина, додека траги од крв од друго место не добиле. Биле направени анализи и на облеката на убиецот на младиот Ангел, каде се покажало дека има траги од неговата крвна група. Вештакот појаснил дека не им бил доставен примерок од крвната група на убиениот. Исто така, не успеале да направат анализа ниту на примероците од крв од под ноктите на обвинетиот Насер Ештрефи и Сашо.

За потсетување, Ангел беше усмртен со нож во срцето, откако крадец се обиде да му го земе велосипедот.

 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега