Јакимовски: Заев уценува и управува со судбината на 20 илјади луѓе

Според поранешниот функционер на СДСМ и актуелен градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски, Зоран Заев преку снимените материјали управува со судбината на над 20.000 луѓе, што според него, е апсолутно недозволиво.

Тој тоа го посочи во емисијата „Анализа“ на 24 Вести и  додаде дека во овој случај има два дела, од кои едниот е правен а другиот морално-политички дел.  

- Никој во оваа држава, ама баш никој освен обвинителот и судот во утврдена законска постапка може да има, да преслушува, да објавува снимени материјали. Во овој конкретен случај ние имаме материјали коишто ги поседува лице коешто е неовластено, надвор од законските прописи и практично управува и во своите раце има, како што тој самиот вели, судбина на повеќе од 20.000 граѓани во Р.Македонија, што е апсолутно недозволиво, рече Јакимовски.

Тој нагласи дека Законот е потполно јасен и дека тој важи за сите граѓани, таму, рече, нема исклучок дали е некој лидер на партија.

Според него во правниот дел одговорност треба да сноси оној којшто овде го злоупотребува Законот и Уставот на РМ, а морално политичката-одговрност според него, ќе ја утврдат граѓаните.

- Тие сами знаат да утврдат во соодветна постапка а таа постапка е кога се оди на избори, тогаш се утврдува морално-политичката одговорност, посочи Јакимовски во емисијата „Анализа“. 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа