Јакимовски: Заев не верувал во обвинителството, а по потреба поднесува материјали до истото

Кој е кредибилитетот на оној што ги поседува, односно на изворот на овие информации? Тој исти извор вели дека не верува во обвинителството, а гледаме веќе два пати како оди во обвинителството и поднесува кривични пријави.

Ова го истакна претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, во гостувањето во „24 Анализа“ на телевизијата 24 Вести.

-Која е таа консеквентност, кога сакте можете да верувате на институцијата обвинителство, а кога не сакате не верувате, рече претседателот на партијата ГРОМ.

Според Јакимовски, опозицијата не може кога сака да верува на институциите, кога сака да не верува.

-Не може тој извор да каже дека не се гледа со Груевски, а испаѓа се гледа со Груевски, дека не го познава Верушевски па испаѓа го познавал, па дури купувал и компјутери, а требал да купи и џипови, додаде Јакимовски.

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега