Мајката на убиениот премиер: Го гушкав мртвиот син

Влегов во ладната сала во  која лежеше Зоран. Неговата убава глава...очи затворени... убав, а доле... градите распукани...Срцето му беше распрснато на сите страни... Стоев покрај него, и го гушкав, плачев. Повторно се обидоа да ми дадт нешто за смирување, но не сакав, рекла Мила Ѓинѓиќ, мајка на убиениот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

На тој 12. март 2003 година, кога Зоран Ѓинѓиќ е убиен, како што вели била во општина, плаќала некои сметки. Веста за убиството на синот го слушнала од соседите.

- Веднаш ги повикав момците од обезбедувањето а Зоран и ме однесоа до ургентен центар. Дворот беше прполн  со полицајци. Сега не му се потребни, го повторував тоа во себе, кога требавте да го чувате, вас ве немаше. Влегов, докторот веднаш и рече на сестрата да ми дадат таблети за смирување, ги одбив, вели мајката на убиениот премиер Зоран Ѓинѓиќ бидејќи не сакала болката да и се намали.

Tragedija... Ubijeni premijer

- Нека боли, ми го убија синот, рекла таа.

Синот неколку пати го предупредувала на опасноста, но тој како што вели мајаката, како да не сакаѓе да слуша

- Одамна биле одлучени да го убијат, тој наш прост беден свет кој не сака паметни, тие кој се назад... Го оговараа, измислуваа секакви работи за него. Воислав Коштуница во тоа дебело учествуваше. На него и  на Зоран никогаш не им простија што Милошевиќ го пратија во Хаг. 

 

 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега