Заев го објави името на бизнисменот од кој МВР тврди дека барал мито од 200.000 евра

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска потврди дека имал контакти со бизнисмен од Струмица, како што претходно најави МВР.

- Се сеќавате дека го повикав Груевски јавно да каже дали има ПИ мерки против лидерот на опозицијата за време на избори. Вчера наврши една година од тоа. Последната година јас сум под ПИ мерки, намерата беше да направат со мене исто како за Љубе , да местат бизнисмен да дава пари за кампања - рече Заев.

Тој го објави името на бизнисменот

- Иво Сачевалиев од Струмица од фирмата „Иво“. Денеска и вчера пропадна последната намештаљака што ja сакаа да ја направат само да ја спасат својата глава - изјави Заев.

Полицијата денеска рече дека лидерот на СДСМ се сомничи за примање поктуп и дека од бизнисмен од Струмица барал 200.000 евра мито за приватизација на државно земјиште

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 22:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега