Дали свинскиот грип се добива од свињи?

Во Србија владее голем страв од ширењето на овој вирус, а до сега се забележани 15 смртни случаи. Проверете дали има место за паника.

Веќе трета сезона на свински грип, а многумина и понатаму се во недвоумица дали свинскиот грип се добива од свињи, дали е смртоносен и како се пренесува.

Одговорот на првото прашање е НЕ. Свинскиот грип не се добива од свинињи, и не се пренесува. До сега не е забележан случај да лицето кое заболело да било во контакт со заразеното животно. До сега се регистрирани само случаи на пренесување на вирусот од човек на човек. Меѓу најзагрозените од свински грип, се лица постари од 65 години, деца и бремени жени.

Свинскиот грип (Мексиканскиот грип) предизвикува вирус influence Н1N1, кој настанал со мутација на птичји и свински грип. Главниот начин на пренесување на вирусот influenca А (H1N1) од човек на човек е преку плуканица која се исфрла во текот на говорот, кивање или кашлање.

Свињите како и луѓето можат да заболат од грип, но вирусите кои предизвикуваат грип кај свињите не се исти како и вирусот кој предизвикува грип кај луѓето. Свинскиот грип предизвикува инфекција кај луѓето често, а претходните случаи на свински грип кај луѓето воглавно ги погаѓале оние кои имале контакт со свињите.

Скорешната појава на свински грип сепак е поразлична. Предизвикана е со нов вид на свински вирус, кој се пренесува од лице на лице, а свињите не се преносители.

Симптомите на свински грип со слични симптоми кои се јавуваат кај обичниот грип: грозница, кашлица, црвено грло, болки во мускулите, главоболки, умор. Некои луѓе пријавиле и дијареа и повраќање кај свинскиот грип.

Овие симптоми можат да се јават и кај бројни други состојби, што значи дека се само на основа на симптомите не може да се процени точната дијагноза. Потребно е да се спроведат лабораториски анализи за да се оцени присуството на свински грип.

 

Најдобрата заштитна мерка против грипот е вакцинацијата. Вакцината против новиот грип е безбедна исто како и вакцината против сезонскиот грип, нешто што покажале истражувањата на Светската здравствена организација и Европската агенција за лекови пред да е започната нејзина дистрибуција. Таа е тестирана и во Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија, како и секоја друга вакцина.

Свинскиот грип до сега се јавил со различна сила, од благи инфекции на грип до фатални исходи. Лицата кои имаат добро развиен имунитет се помалку склони на продолжените компликации и вирусни инфекции во рок од неколку дена.

 

Конечно дали овој грип и во која мера е смртоносен? Во само 1 до 4% од случаите крајниот исход е смрт на заболениот. Во Србија од свински грип досега умреле 15 лица, а последната жртва е Игор Радовановиќ (37) од Парачино. За сега се смета дека само на територијата на Војводина заболеле 50.000 луѓе.

 

 

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега