Емотивна исповед на сестрата на убиениот Зоран Џинџиќ

„Тажната вистина дека ништо не можам да направам за да го вратам братот. Сакам да верувам дека многумина искрено жалат поради неговото убиство и дека е можно работите да се свртат од мртва точка“, да се утврди кој е виновен, односно дека сите виновници ќе бидат казнети“, вели Гордана Џинџиќ.

Очеквам политичка воља на актуелната власт која ќе овозможи обвинителството да делува во склоп со закнот и своите овластение, а од обвинителството малку повеќе иницијатива и храброст да се извадат од фиоката и да се проучат кривичните пријави за политичката позадина за атентатот, која во наше име ја има поднесена адвокатот Срџо Поповиќ, вели сестрата на убиениот премиер Зоран Џинџиќ Гордана.

Премиерот на Србија е убиен на 12 март 2003 година на скалите на Владата на Србија. Непосредните учесници во убиството се осудени, но политичката позадина никогаш не беше откриена ниту испитана.

„Знам дека во моментов состојбата е таква што по 12 години по убиството не се знае наредбодавецот и политичката позадина. Дека веројатно на тоа ништо не се работи. За времето да помине, да луѓето и целото друштво се оптеретени со други проблеми. Тажна е вистината дека ништо не може да се направи што би ми го вратило братот. Сакам да верувам дека многу луѓе искрено жалат поради неговото убиство и дека е невозможно да работите се свртат од мртва точка“, да се утврди кој е виновен, односно да сите виновници бидат казнети“, вели Гордана Џинџиќ.

„Верувам дека дојде време да се промени свеста и начинот на размислување кај повеќето или барем кај поважните припадници на власта, да сватат дека за нов почеток првиот услов е да се утврди вистината за секој проблем - да се соочи со вистината“, додава таа.

 

 

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега