Пресврт: Александра била убиена по грешка - кој бил мета?

Девојката која од автомобил беше фрлена мртва пред Ургентниот Центар во Белград, 23-годишната Александра Антиќ, била убиена по грешка. Иако со денови нејзиното убиство е мистерија, според најновите податоци до кои дојде Курир.рс, Александра не била метата, туку мета била нејзината другарка Елизабета Б.

Двете девојки се забавувале во саботата во кафеана, а потоа се случил грозоморниот настан, но мета на тројцата осомничени кои се во притвор била најверојатно нејзината другарка.

- Со шишиња го нападнале возилото во кое се качиле Александра и Елизабета, но втората девојка успеала да побегне и да се спаси. Александра откако била тепана, успеала да избега, но потоа била прегазена со возилото и усмртена. Сепак, не е утврдена точната причина за смртта, вели извор.

Тројцата осомничени вчера негирале дека го извршиле делото кое ја потресе цела српска јавност.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега