Милошевиќ сега е и пророк - штета што не го слушавме

Навршија девет години откако во Хаг почина екс-претседателот на Србија и СРЈ, Слободан Милошевиќ.

Тој е инаку почесен граѓанин во градот Врање, но градската делегација никогаш не положи вцеќе на неговиот гроб. Тоа редовно до пред неколку години го правеше делегација на СПС, но оваа година тоа не беше случај. 

Од СПС пак велат дека не се одрекле од Милошевиќ, туку дека само ги модернизирале неговите идеи. Членот на ИО, ГрО СПС во Врање Бранимир Стојановиќ вели дека секој социјалист денеска се сеќава на последниот говор на Милошевиќ и дека секој граѓанин на оваа земја би требало уште еднаш да ја прочита и да се присети на „пророчките зборови“ на големиот лидер.

„За жал, останатите се само пророчки зборови изречени во последниот говор на Слободан Милошевиќ. Тој говор е одржан на 3 октомври 2000 година, кој нас не предупреди, а не смеевме да слушаме. Нешто што тогаш го рече и денеска се одѕва во нашите уши оние кои го следеа и тоа се повеќе добива на актуелност“, вели Стојанчиќ.

На прашењто колку денеска меѓу социјалистите се почитува и спроведува политичката идеологија на Слободан Милошевиќ, Стојанчиќ одговара дека основата која Милошевиќ ја поставил и денеска трае.

„Социјалистичката партија на Србија на последниот Конгрес стана модерна партија, но основата која ја постави Слободан Милошевиќ остана иста. Тоа и денеска трае и ќе трае додека е социјалст, а ќе ве потсетам дека на власт во Врање сме од деведесетите години без пауза“, вели секретарот Стојанчиќ. Инаку да потсетиме дека Слободан Милошевиќ е погребан во дворот на семејната куќа во Пожаревац на 18 март 2006 година. 

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега