Металург добива вајлд-карта за учество во ЛШ следната сезона

Металург на својата официјална страна објави дека добива вајлд-карта за учество во ЛШ следната сезона.

Тимот од Автокоманда на својата официјална интернет страница објави информација дека е еден од четирите тима кои добиле вајлд-карта од ЕХФ.

- Според наши извори во ЕХФ,  Металург е еден од добитниците на вајлд-карта. Според тие информации одбрани се следните четири екипи: Металург, Висла Плоцк, Монпеље и Пик Сегед. Во последен момент шампионот Хамбург е префрлен во директните учесници во групната фаза во Лигата на шампионите, пишува на официјалната интернет страница на Металург.

ФОТО: Хитпортал

најчитано сега