Албански бизнисмен: Мојот народ ме осудува бидејќи сакам да ја купам куќата на Милошевиќ

Албански бизнисмен, кој сака да се всели во куќата на поранешниот претседател на Дедиње, вели дека поради неговата одлука се кренала голема прашина на Косово.

Имено откако Курир.рс  ја објави есклузиванта вест дека Чазим Османи Феликас како го нарекуваат, во друштво со поранешниот министер на социјалистите Милутин Мрковиќ ја разгледувал куќата на Слободан Милошевиќ, настанот стана топ тема на медиумите на Косово.

„Колкава прашина се крена околу оваа сторија за купувањето на куќата. На Косово тоа е главна вест и многумина од нив ме осудуваат. Дури се годвори дека ниту мртви на би влегла во таа куќа. Луѓето говорат дека ниту Србите не го сакаат Милошевиќ и неговото семејство, а камоли Абланците. Така се создаде голем притисок главно поради лошите коментари. Ја подигнавме и цената на оваа куќа поради зачестените коментари“, рече Чазим, откако рекацијата на неговите соработници беше толку лоша што го разниша неговото мислење околу купувањето на куќата.

Инаку Османи пред неколку дена раскажа за Курир дека тој е само заинтересиран за купување на некоја луксузна недвижнина во Белград бидејќи е заинтересиран за живеење во градот во кој буквално се му се допаѓа. Разгледал неколку недвижности но посебно му се допадна куќата на поранешниот претседател. Мислел без предрасуда да пристапи на купување на куќата но сега поради лошата реакциоја на јавноста најверојатно ќе го промени своето мислење. Затоа размислува да се откаже од купувањето на вилата на Слободан, пордаи личниот мир, но и сепак да види друга куќа која нема минато и историско значење.

Во целата приказна околу Чазим и куќата на Милошевиќ посредувал Мрка, кој никако да признае дека воопшто имал врска со целиот настан. Албанскиот бизнисмен.

 

 

 

Оцени ја веста

12.03.2015 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега