Стружанец ограбен пред банка откако ја земал пензијата

Поради постоење основи на сомнение за казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Џ.С. (35) од Тетово.

На седми февруари оваа година, пријавениот искористил згодна прилика и од џебот на И.А (78) жител на струшкото село Подгорци одзел паричник со 145 евра и 10.500 денари.

-Кражбата се случила пред Стопанска банка во Струга каде И.А. ја подигнал својата пензија. Излегувајќи од банката во него се втурнале две лица по што оштетениот набрзо забележал дека му го нема паричникот.

И.А. кражбата ја пријавил во полициската станица во Струга каде набрзо извршил фотографско препознавање на можниот сторител на кражбата, информираат од полицијата. Џ.С. е лице познат сторител на вакви кривични дела против кого и досега биле поднесувани повеќе кривични пријави

 

 

Оцени ја веста

12.03.2015 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега