Чадиев: Ќе продолжиме да работиме за да го оствариме ветеното и да донесеме подобар живот на сите

            

Во изминатиот период јас како градоначалник на Општина Велес заедно со Советот и целокупната администрација секојдневно сме посветени за реализација на нашите програмски определби.

            Довербата која ни ја дадоа граѓаните за нас значи обврска и поттик за подобрување на условите во секојдненото живеење на Општина Велес. Ја користам оваа прилика да Ве запознаам со многуте реализирани и започнати проекти.

            Изминатиов период вложивме големи напори за подобрување на патната инфраструктура во општината, преку реконструкција, асфалтирање, бетонирање и поплочување на голем број улции. Во тој правец:

•  

Бетонирани се улиците: Цветан Арсов, Јордан Јорданов, Александар Несторов, Наце Димов и Трајче Петкановски, Вера Циривири, дел на улицата Љубљанска со Рилски конгрес.

•  

Поплочени се: улицата Љубен Весов, улицата во градскиот парк, пешачката патека на кејот на река Вардар, пешачка патека спој на градскиот базен со градскиот парк; плоштадка на спој на улица Петре Алчев и Васил Ѓоргов, плоштадка на улица Орце Мартинов, дел од улица Прва Комуна до спој со улица Благој Ѓорев, паркинг просторот до Стариот мост. Поплочен и уреден со урбана опрема е и Плоштадот Којник

•  

Се асфалтираа и голем број на улици и тротоари во градот, и тоа: улицата Христо Узунов (Сутјеска), Мирка Гинова, Крсте Мисирков, улицата пред зградата на ЈКП Дервен, тротоарот до Општата Болница.

            Преку изградба и реконструкција на водоводните системи и на канализациските системи, се стремиме да создадеме услови за поквалитетен живот на граѓаните и за почиста и поздрава животна средина за сите. Во таа насока:

•  

За потребите на индустриската зона УЗУС изградена е водоводна и канализациона линија. Во тек е изградбата и на систем за водоснабдување во должина од 12 километри до Езерото Младост и населените места (Башино село, Речани, Отовица, Новачани и др.), изведена е нова водоводна линија во индустриската зона Речани 2.

•  

Се изведе дел од фекалната канализација во Горно Оризари. Во изминатиот период се изгради и атмосверски канал на потег од Новиот Театар до спој со постоечки атмосверски канал. Атмосферска канализација исто така се изведува и на Езерото Младост. Во с. Мамутчево се изгради и санираше пропустот на атмосферските води.

            Наша цел е и создвањето на правилен урбанистички развој и облагороден простор за вршење на секојдневните активности на граѓаните. За таа цел, овој период:

            Се работеше на дозиградување на инфраструктурата во индустриската зона УЗУС наменета за мало стопанство; се изгради потпорен зид во с. Иванковци, започната е изградба на потпорен ѕид во село Мамутчево; во соработка со Урбаните заедници и граѓаните се изградија 20-тина помали потпорни ѕидови во разни делови од градот; се реконструираше ракометното игралиште кај Автобуската станица: се изградија и парапетни ѕидови во Комплекс УЗУС; подигнати се нови зелени површини во паркот пред општинската зграда, на ул. Оливер Китановски, Благој Ѓорев (Сив дом), Комплекс УЗУС и жардињерите кај касарната. Во високите зони од градот поставени се ракохвати и огради на над 20 улици.

            Во овие два месеца се реализираше и акцијата за отсранување на хаварисани возила од јавните површини „Чист град 2013”. Се спроведува и проектот за означување и нумерирање на улиците и плоштадите во градот, а во два наврата се спроведе и авионско третирање против комарци.

            Пред неполн месец Општина Велес го потпиша договорот за комплетна замена на уличните светилки со нови енергетски ефикасни. Во најскоро време очекуваме реализација на овој многу значаен проект кој ја опфаќа целокупна мрежа од градското осветлување. Во тој правец се и поставените 21 нови канделбари во централното градско подрачје на улицата 8-ми Семптевмри.

            Како градоначалник особено сум горд на тоа што Велес постигна огромен успех и со добивањето на Сертификатот за Општина со поволно бизнис окружување во Југоисточна Европа. Тоа е доказ за цврстата определбата на Општина Велес со засилен интензитет да ја развива локалната економија. Ова претставува и одраз на нашата сериозност и професионалност во градењето на подобра иднина.

            Со цел обезбедување на што поголема вклученост на младите луѓе во работата на општината, и со цел на обезбедување на услови младите луѓе да стекнат практични знаења и вештини, како и работно искуство кое ќе ја надополни нивната конкурентност на пазарот на трудот, Општина Велес распиша конкус за ангажирање на 10 волонтери. Овој конкурс наиде на одличен прием кај младите луѓе кои изразија голема заинтересираност за волонтирање во Општина Велес. 10-те најдобри кандидати од следната недела ќе имаат можност да го започнат овој ангажман.

            Изминативе два месеца го спроведуваме и принципот на отворено и транспарентно работење во постојана комуникација со граѓаните.  Секоја втора недела граѓаните имаат можност да се сретнат со мене или со претседателот на Советот и да поразговараат околу одредени теми, да пријават проблем или да понудат некоја идеја.

            Во Општина Велес се реализираа и голем број на културни, уметнички и спортски збиднувања за кои граѓаните изразија голема поддршка и задоволство од организацијата на истите. Се организираа 50-тите јубилејни Рацинови средби. На езерото Младост се одржа 4-тата мототрка и мотохепенинг. По повод 24-мај Денот на сесловенските просветители во соработка со Навивачката група Гемиџии се спроведе крводарителска акција во која се собраа 150 крвни единици. Овие денови во Велес за прв пат се одржува и познатиот фестивал „Баскерфест 2013 година”, а во куќите на уметноста се организираат и традиционалните етноработилници. Не изостанаа ни разните спортски турнири и манифестации на кои Општина Велес е редовен покровител.

Почитувани

            Ова се проектите кои Општина Велес ги реализираше или се во фаза на реализација во изминативе два месеци.

 

            Во наредниот период ќе продолжиме со интензивна работа, со посветеност, со желбата да го оствариме ветеното и да донесеме подобар живот на сите.

Интегрален текст.

најчитано сега