ВИДЕО: Еве како се претстави Кире Лазаров во Барселона

Кире Лазаров вчера се претстави во Барселона, а потоа се опушти со каталонско кафе.

„Пред да дојдам тука тренерот ми говореше што значи Барселона. Од мојот прв ден сфатив што значи Барселона, Барселона е повеќе од клуб. Штом ја добив понудата на Барселона немав дилеми дека тоа е вистинската понуда и веднаш ја прифатив. Бројот 77 го одбрав поради тоа што тој број заедно со бројот 7 е мојот број во текот на целата кариера“.

„Уште од најрана возраст сонував еден ден да заиграм за Барселона. Пристигнувам овде како искусен ракометар, минав три години во Шпанија и добро го познавам системот на игра во оваа земја. Затоа, верувам дека нема да ми биде потребно време за адаптација“ –закклучи Кире Лазаров.

ВИДЕО: Тера ТВ

најчитано сега