Македонија игра полуфинале на кошаркарскиот турнир од медитеранските игри

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска со почеток од 16 часот и 15 минути ќе игра полуфинале на Медитеранските игри против селекцијата на Србија. Ова е епилогот по синоќешниот пораз од домаќинот и фаворит на турнирот Турција со 77:57.

Селекторот Марјан Србиновски на овој дуел често ротираше и испробуваше различни тактички варијанти, давајќи им посериозна шанса и на резервните кошаркари во тимот, кои ќе бидат од голема помош на следните два натпревара во борбата за медал на Медитеранските игри.

Македонија го освои второто место во групата А и за финале ќе се бори со првопласираната српска репрезентација од Б групата. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Турција и Тунис. 

ФОТО: Кајгана 

најчитано сега