Две лица повредени во сообраќајка кај Сирково

Две малолетни лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа попладнево кај село Сирково, на патот Градско - Прилеп, потврдуваат од МВР.   

Во тешката сообраќајка која се случила пред бензинската станица кај Сирково, според полицијата, учествувале 3 патнички моторни возила од кои едното престигнувало друго возило и директно удрило во третото кое доаѓало од спротивната насока. Двете малолетни лица со тешки телесни повреди се препратени на скопските клиники, соопштија од МВР.

 

 

Оцени ја веста

15.03.2015 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега