Петмина пешаци повредени на скопските улици - што се случувало?

Во текот на изминатите три дена во Скопје се случиле вкупно 32 сообраќајни несреќи.

Во петокот е извршен увид на 11 сообраќајни незгоди од кои четири се со последица материјална штета и седум се со последица телесни повреди. Со полесни повреди се здобиле шест возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и тројца пешаци.

Во саботата пак извршен е увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди. Од нив шест се со последица материјална штета и осум се со последица телесна повредна во кои со полесни повреди се здобиле седум возачи на патничко моторно возило, четири сопатници и двајца пешаци.

Во текот на вчерашниот ден  извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив четири се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден сопатник.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега