Тешка кражба во црквата „Св.Димитрија“

Тешка кражба е извршена во црквата „Св.Димитрија“ во струшкото село Октиси во периодот од декември минатата до март оваа година.

Непознатиот крадец го скршил цилиндарот од главната влезна врата на црквата и  употребил тврд предмет со кој насилно ја оштетил металната заштитна решетка од влезната црковна врата, а откако влегол извршил пребарување низ црковните простории и одзел четирите кандила.

Полицијата трага по сторителот.

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега