Малер: Му се запалил автомобилот - во него му изгореле 4.500 евра

Невиден малер за сточар од босанската општина Витез. Како што јавуваат локалните медиуми, вчера доцна вечерта, некој најверојатно му го запалил автомобилот пред неговиот дом. Во пожарот заедно со возилото изгореле и над 4.500 евра кои како што тој потврдил во полицијата ги добил истиот ден на пазар каде продал три јунци.
Полицијата од среднобосанскиот кантон не брза со заклучоци. Тие велат дека излегле на терен и дека извршиле увид. По комплетирањето на вештачењето ќе се знае дали пожарот во автомобилот бил подметнат и дали во него навистина имало 4.500 евра.

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 11:52
Фото: 
Илустрација

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега