Тинејџер од Пробиштип направи драма

Со вербални закани по живот и физички напад со тупаници по главата на еден од полицајците, пробиштипски тинејџер викендов барал решение за направениот сообраќаен прекршок од негова страна.

Инцидентот се случил половина час по полноќ на 15 овој месец во центарот на Пробиштип. Според податоците од полицијата, откако 18 годишниот М.С.направил сообраќаен прекршок, побегнал од местото на настанот. Во едночасовната расправија со полицајците, по дејство на алкохол, М.С. започнал да упатува вербални закани по живот кон полициските службеници и во еден момент со тупаница во пределот на главата удрил еден од полициската патрола.

Тинејџерот е приведен и против него пробиштипската полиција поднесе кривична пријава,  напад на службено лице.

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега