Полицијата влезе во Зајас

Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Г.А. (34) од кичевското село Грешница, Н.А. (41) од селото Зајас како и против правниот субјект „Студио д Бест“ сопственост на Н.А. поради приредување игри на среќа без лиценца.

На 27-ми минатиот месец, полициските службеници и инспекторите од УЈП-регионална дирекција Тетово, извршија контрола во уплатни места на спортска обложувалница „Џокер“ лоцирани во нерегистририрани објекти-чајџилница во селото Грешница сопственост на Г.А. и во „Студио д Бест“ соственост на Н.А. во селото Зајас, регистрирано за вршење фотографски услуги, а при извршената контрола констатирано е дека двајцата сопственици работат спротивно на Законот за игри на среќа и забавни игри.

 

Тие обавувале дејност на спортска обложувалница без да поседуваат лиценца од Министерството за финансии на Република Македонија.

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега