Потресна исповед на таткото на киднапираната Маша

Таткото на двегодишната Маша, малото девојченце од Србија кое беше киднапирано во петокот, се огласи по хоророт кој го преживеа неговото семејство.

- Секоја секунда за мене беше како вечност, а кога на пола пат ми пристигна фотографија од неа, не престанав да ја бакнувам. Животот ми се промени за дел од секунда. Не беше важно ни кој сум, ни колку заработувам, ништо немаше важност. Постојано плачев, вели таткото за Ало.рс.

Тој додава дека неговата ќеркичка е повторно насмеана и среќна по страшниот настан.

- Кога ја видовме Маша со полицијата седеше незнаејќи ни каде е ни со кого. Молчеше се додека не ја виде полицијата и тогаш рече МАМА. Ја пресоблековме и ја земав во прегратка, вели таткото.

Инаку, Маша беше киднапирана во петокот додека со мајка и се враќале од продавница. Овој настан ја крена цела Србија на нозе.

 

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега