Убиецот на македонскиот таксист ги оставилжртвите во локви крв и отишол на гости

„Морам да одам во полиција и да пријавам дека убив двајца мамо“. Со овие зборови 32-годишниот Мирослав Матиќ осомничен за двојно убиство кое ја потресе Србија, се простил од родителите.

Според податоците на српскиот Курир, откако Мирослав со автоматска пушка го убил таксистот со македонско потекло, Кирил Тренески, го убил и свештеникот Мирослав Чворовиќ (39) по што ги оставил на улица во локви крв како ништо да не се случило. По грозоморното убиство, Мирослав се јавил на мајка си и и рекол дека мора да оди да се пријави бидејќи усмртил двајца. Неговите родители останале во шок. Тој не кажал што го натерало да го направи убиството.

Инаку по грозоморното дело, Мирослав прво отишол кај својата сестра на гости.

За потсетување, телото на Македонецот беше пронајдено облеано со крв среде улица во Белград, а утредента за време на истрагата, на 150 метри од местото на крвавиот злочин, полицијата го откри и телото на несреќниот Мирослав кој бил убиен бидејќи се нашол на погрешно место во погрешно време.

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега