Двете деца на Драган и Светлана исчезнаа - нема да верувате каде ги пронајдоа

Две деца, едно од осум а друго на возраст од 4 години од село Цапариќ, над Љубовје чие исчезнување е пријавено во полиција, во саботата по 19 часови потрага, се појавиле живи и здрави околу 8.30 часот.

Спасителите во саботата навечер целосно ја прегледале куќата, вклучувајќи ја и собата на катот, но не ги забелжале децата, па е нелогично тврдењето на родителите дека децата биле во собата и таму во ладното поминале 16 часа. Инаку, во потрагата по децата беа вклучени освен полицајци и пожарникари и мештани од селото, како и родителите на децата Драган и Светлана Николиќ.

-Немаше каде не пребаравме со лампи и рефлектори, но децата ги немаше, вели еден од учесниците во потрагата.

Бидејќи се работи за деца, добивме некоја чудна сила и покажавме подготвеност да ја пребараме секоја можна траса, каде евентуално би заминале момчињата. Меѓутоа кога утрото околу 8.20 пристигна поголема група полицајци и пожарникари да го продолжат трагањето, од куќата на Николиќ се огласија дека се појавиле дечињата.

-Мојата сопруга Светлана му рече на мојот татко Саво дека внуците, моите и нејзините деца, се во незавршената соба на катот. И токму таму беа, раскажува Драган.

Дедо Саво, додека се подготвуваше за нова тура дрва, вели дека бил многу загрижен и дека многу се израдувал кога повторно си ги видел внуците. Таткото Драган вели дека забележале дека децата исчезнале во саботата околу 16 часот. Запрашан како одеднаш децата се пронајдени, како спијат во недоизградениот спрат, кој нема прозорици ниту стакла, немал никакво објаснвуање. И сопругата Светлана ништо не проговорила.

 

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега