Грција повторно влезе во дефицит

Платниот биланс на грчката Влада во првите два месеци од оваа година има дефицит од 684 милиони евра, за разлика од суфицитот од 139 милиони евра остварен во јануари и февруари 2014 година, соопшти централната Банка на Грција.

Меѓутоа, и покрај ваквите показатели, грчкиот премиер Алексис Ципрас ги отфрла шпекулациите дека земјата се соочува со проблеми во исплатата на пензии и плати за вработените во јавниот сектор.

Во едно интревју Ципрас истакна дека преговорите што Атина ги води со странските кредитори нема да се одразат врз исплатата на пензии и плати. 

Ципрас дојде на власта со победата на неговата Коалиција на радикалната левица (Сириза) на предвремените парламнетарни избори на 25 јануари, со ветување дека ќе договори нови мерки во програмите за помош и дека ќе за бори за отпишување на грчкиот државен долг. 

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега