Спакувајте ја зимската гардероба - ќе уживаме во сонце

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот во источните и југоисточните делови ќе има зголемување на облачноста и услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и источен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до 15 степени. 

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега