Отворени денови на АХВ во Велес и Свети Николе

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска во Велес и Свети Николе организира Oтворени денови за граѓаните и компаниите. 

Со граѓаните и претставниците на земјоделско-прехранбениот сектор ќе се сретнат директорот на АХВ Зоран Поповски и претставници на други сектори и одделенија на Агенцијата.  

На средбите, граѓаните и компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор ќе имаат можност да се запознаат со работата на Агенцијата, да дадат предлози, да се информираат за прашања кои се од нивен интерес, а се во доменот на работа на Агенцијата и да побараат стручна помош.

Во рамки на Отворените денови, што ќе се одржат во повеќе градови, ќе биде промовиран Водичот за новините во означувањето на храната во ЕУ, кој го подготви АХВ за компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор.

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега