Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисијата за финансирање и буџет и за транспорт, врски и екологија, како и Законодавно - правната комисија. 

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за трансформација во редовен работен однос, по скратена постапка, во второ читање, поднесен од пратеникот Крсто Мукоски, е на дневен ред на двете комисии. 

Законодавно-правната комисија треба да разгледа уште два закони во прво читање.  

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање, по скратена постапка, второ читање поднесен од Лилјана Затуроска и Олга Најденовска.

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега