Откриена причината поради која бил убиен таксистот со македонско потекло

Сега ќе видиш како ќе ти платам...ова биле последните зборови на Мирослав Матиќ пред да го убие таксистот со македонско потекло Чире Тренески и да го фрли на улица. 

Според најновите податоци на српските медиуми, Мирослав кобната ноќ кога го убил таксистот, а потоа и свештеникот кој се нашол во погрешно време на погрешно место, го извршил незапамтениот злочин бидејќи немал пари да плати такси. Откако го убил таксистот со неколку истрели, го видел свештеникот кој се нашол на улица бидејќи му се заглавил автомобилот. Му наредил да излезе од автомобилот, па и него го усмртил.

Според извор близок на истрагата, таткото на Мирослав му рекол да се пријави во полиција или тој ќе го направи тоа наместо него.

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега