Љубовна драма со трагичен крај: Пронајдени две безживотни тела, меѓу нив црвена ружа

Уште една голема трагедија ја потресе Србија. Утринава кај Бачка Планина биле пронајдени две безживотни тела, на 67-годишниот Богдан Поповиќ и 29-годишна девојка, а нејверојатно во смрт ги одвеле љубовни проблеми. Според истрагата, најверојатно Богдан ја убил саканата, а потоа самиот си пресудил.

Како што дознава српскиот Блиц, телата биле пронајдени од случаен минувач кој се нашол на местото на настанот. Истрагата покажува дека 67-годишниот маж ја убил со пиштол дваесетгодишната девојка, а потоа самиот си пресудил, пукајќи си со истиот пиштол во градите.

Трагедијата се случила пред неколку денови, но телата биле пронајдени утринава, во шумата, а помеѓу нив имало една црвена ружа.

Повеќе детали ќе бидат познати по обдукцијата

 

 

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега