ВИДЕО: Поради еротските сцени и голотијата, публиката го напушти театарот

Претставата „Големиот Гетсби“ режирана од Ивица Буљан содржи бројни сцени со музика и танц, но и еротски сцени, што на сараевската публика очигледно не и се допаднало.

Претставата беше изведена во Народниот театар во Сараево, но поради контроверзните сцени публиката го напушти театарот, пишуваат босанските медиуми.

На актерите им беше дадена слобода во интерпретацијата на познатиот роман напишан 1925 година и претставата беше сконцентрирана на ликовите, а најмногу на самиот Гетсби, каде акценттот беше ставен на неговото криминално минатото и гангстерските црти на личноста.

Оваа претстава веќе е одиграна во рамки на фестивалот Сараевска зима.

Како изгледаше претставата погледнете ТУКА

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега