Црвениот крст на Македонија одбележува 70 години од основањето

Црвениот крст на Република Македонија денеска одбележува 70 години од основањето и 20 години од полноправното членство во Меѓународната федерција на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Јубилејот Црвениот крст на Република Македонија ќе го одбележи вечер со свечена академија, чиј покровител е претседателот Ѓорге Иванов.

Оваа година Црвениот крст ќе организира повеќе настани на национално и на локално ниво на кои ќе бидат презентирани предизвиците и успесите на организацијата во изминатите години.

 

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега